портулагија
Португалскиот премиер Антонио Кошта поднесе оставка поради истрага за ископ на литиум и водород
07.11.2023 20:14
По претрес на неколку владини згради, пет лица се уапсени меѓу кои и шефот на кабинетот на премиерот...

Португалскиот премиер Антонио Кошта поднесе оставка поради тековната истрага за корупција поврзана со проекти за ископ на литиум и водород. По претрес на неколку владини згради, пет лица се уапсени меѓу кои и шефот на кабинетот на премиерот. Кошта во телевизиско обраќање рече дека ќе соработува со истражните органи.
На почетокот на годината португалското обвинителство објави дека истражува за проектите за литиум, но имињата на осомничените не беа објавени. Владата на Кошта годинава беше вмешана во уште еден скандал, поврзан со државната авиокомпанија ТАП.
