МВР: 243 сообраќајни прекршоци во Скопје
На територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитувааат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.
