МВР
Санкционирани 259 возачи за брзо возење на територијата на цела држава
08.11.2023 09:37
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 259 возачи. Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 129 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 130 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
