ЦУК: Изгаснати се пет пожари на отворен простор
Пожари на отворен простор и покрај локалните врнежи во последното деноноќие имало вкупно пет и сите се изгаснати со правовремен и брз ангажман на противпожарните единици...

Пожари на отворен простор и покрај локалните врнежи во последното деноноќие имало вкупно пет и сите се изгаснати со правовремен и брз ангажман на противпожарните единици, според извештаите во Секторот за операции и координација (СОК) во Центарот за управување со кризи ЦУК добиени од неговите регионални центри и од институциите во државата од Системот за управување со кризи (СУК).
Активни пожари на отворено нема утрово, а во петте пожари горела сува трева и ниска вегетација во: Општина Кавадарци, во близина на фирмата „Југокомерц Кавадарци“; Општина Могила, кај истоименото село с. Могила; Општина Делчево, кај с. Полето и во Општина Долнени имало два пожара, кај с. Сенокос и кај месноста „Три Багреми“.
