Франција сака да ги организира ЗОИ 2030
08.11.2023 09:56
Официјално домаќин би бил градот Ница, а натпреварувањата би се одржале во покраините Прованс – Алпи – Азурен брег, Оверњ и Рона – Алпи.

Франција, која идната година ќе биде домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ), објави и кандидатура за организација на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во 2030.
Претседателот на францускиот Олимписки комитет Давид Лапартиен соопшти дека потребната документација за кандидатура е предадена до Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Официјално домаќин би бил градот Ница, а натпреварувањата би се одржале во покраините Прованс – Алпи – Азурен брег, Оверњ и Рона – Алпи.
Досега кандидатури за ЗОИ2030 најавија и САД, Швајцарија и Шведска.
