Сан Антонио на победа до финале!
Домашниот паркет е значителна предност во западното НБА финале и ако по тој принцип продолжи серијата меѓу Сан Антонио и Оклахома, тогаш втора сезона по ред „Спарс“ ќе играат за шампионскиот прстен.
Сан Антонио славеше против „Тандерс“ со 117:89 и поведе со 3:2. Освен во првиот рамноправен период, Сан Антонио доминираше на домашниот паркет на којшто во доигрувањето во просек ја победува Оклахома со 27 поени разлика.

Тим Данкан реализираше 22 поена и 20 скока што е негов 154-ти двоен плеј - оф ефект во кариерата или само три помалку од рекордот на Меџик Џонсон. Иако резервист, Ману Џинобили оствари 19 коша и 6 асистенции, Кави Леонард и Дени Грин уфрлија по 14, Борис Дијао 13, а Тони Паркер 12 поени.
Кај Оклахома само тројца кошаркари имаа двоцифрен поентерски ефект, Кевин Дурент 25, Расул Вестбрук 21 и Реџи Џексон 11 коша.
Шестиот натпревар ќе се одигра в сабота на недела во Оклахома, а евентуалниот седми меч два дена подоцна во Сан Антонио.
Ноќта што престои Мајми има шанса и тоа на домапшен терен да обезбеди четврто големо финале во низа откако на „истокот“ има предност од 3:2 против Индијана.