Голден Стејт домаќин на Ол-стар викендот во 2025

08.11.2023 10:00

Ова ќе биде трет пат Вориорс да бидат домаќини на Ол-стар на натпреварот. Во „Чејс Центар“, кој има капацитет од 18.000 седишта, Голден Стејт се пресели во 2019-та.

За домаќин на Ол – стар викендот во 2025 година е избран НБА лигашот Голден Стејт вориорс. 74--то издание на натпреварот меѓу најдобрите кошаркари во светот ќе се одигра во „Чејс Центар“ во Сан Франциско.

Ова ќе биде трет пат Вориорс да бидат домаќини на Ол-стар на натпреварот. Во „Чејс Центар“, кој има капацитет од 18.000 седишта, Голден Стејт се пресели во 2019-та.

Оваа сезона домаќин на Ол-стар натпреварот ќе биде Индијанаполис, на 18 февруари 2024.

 

Фото: НБА