Сеул

Богоев – Кванјанг Ко: Започнува реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари

08.11.2023 10:38

Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев и генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко остварија средба во седиштето на корејската Царина во Сеул на којашто најавија отпочнување на реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари...

Директорот на Царинска управа, Стефан Богоев и генералниот директор на Царинската служба на Република Кореја, Кванјанг Ко остварија средба во седиштето на корејската Царина во Сеул на којашто најавија отпочнување на реализацијата на грантот од 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад.

Богоев заедно со помошниците директори, Маженковски и Ветеровски, е во дводневна работна посета на Царинската служба на Република Кореја, што се реализира во рамки на неодамнешниот потпишан Меморандум за соработка со корејската Царина.

Одлуката за доделување на грантот од Владата на Кореја следи по тригодишна анализа на македонската Царина по што е одлучено дека како лидери во регионот, грантот треба да биде доделен токму на Царинската управа на Република Северна Македонија. Во оваа насока, од страна на генералниот директор Кванјанг Ко беа поздравени заложбите што ги презема македонската Царина со цел зголемување на ефективноста на Царината и создавање услови за поголема конкурентност на македонската економија.

Богоев во рамки на средбата ја истакна посветеноста на нашата држава на процесот на интеграција во ЕУ и поставување на основите за функционирање на единствен пазар.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат потпишани Меморандуми за соработка коишто ќе отворат нови можности за финансиска поддршка, стои во соопштението од Царина.