Хулкенберг се враќа во Форс Индија
Откако за нив возеше во 2012-тата, а во минатата сезона беше во болидот на Заубер, од тимот на Форс Индија стигна потврда дека со германецот е потпишан повеќегодишен договор.
„Враќањето на Нико во екипата само ги потврдува нашите намери и е потстрек за целиот тим“-истакнува Виџеј Малаја-првиот човек на Форс Индија.
„Го познавам тимот, ја знам неговата решителност и желбата за успех, тимот има високи цели за идната сезона, а јас се надевам дека ќе помогнам во нивното дотигнување“-вели Хулкенберг , кој во 2011-тата беше и тест возач во Форс Индија.

Од тимот засега не информираат чие место ќе го заземе Хулкенберг, откако во минатата сезона за нив возеа Сутил и Ди Реста.
Зоран Видевски