Детска болница во Славјанск погодена со граната
Украинската војска ги продолжи нападите на Славјанск. Погодени се детска болница и детска поликлиника кои што се наоѓаат близу една до друга, јавува ,,Раша тудеј“. Засега нема информации за повредени, жртви и штети од гранатирањето.

Славјанск е во центарот на судирите помеѓу украинската војска и проруските сили, а досега се убиени десеттина луѓе. Украинската војска ја засили офанзивата со користење тешка артилерија, авијација и оклопни единици со цел да ја превземат контролата врз тоа подрачје. Во меѓувреме, новоизбраниот претседател на Украина Петро Порошенко ветил дека ќе бидат казнети проруските сили коишто во четвртокот го срушија воениот хеликоптер, при што загинаа 14 војници од кои еден генерал.
Соња Стојановска