Судскиот совет го избра Бесник Авдија за претседател на Основен граѓански суд Скопје
Авдија ја доби довербата на членовите на Судскиот совет и покрај анонимната претставка за наводен љубовен скандал. Членовите на Судскиот совет го спомнуваа скандалот, но оценија дека тој го поминал тестот за интегритет, што според нив бил доволен доказ дека Авдија може да раководи со Граѓанскиот суд.

За претседател на скопскиот Граѓански суд избран Бесник Авдија. Беше единствен кандидат. Ја доби довербата на членовите на Судскиот совет и покрај анонимната претставка за наводен љубовен скандал. Членовите на Судскиот совет го спомнуваа скандалот, но оценија дека тој го поминал тестот за интегритет, што според нив бил доволен доказ дека Авдија може да раководи со Граѓанскиот суд.
За претседател на Основен суд Неготино беше избрана судијката Билјана Толова, исто така единствен кандидат. За претседател на Основен суд Кичево Советот го определи судијата Футурије Дервиши. Во Основен суд Крива Паланка едногласно беше избран судијата Орце Јанковски како единствен пријавен кандидат и со 12 гласа „за“ во Основниот суд во Штип беше избран судијата Ацо Тасев.
На дневен ред на денешната седница на Судскиот совет се и определување на ВД претседатели на Виш Управен суд, Основен граѓански суд Скопје, Основен суд Кичево и Основен суд Неготино, како и одлука за утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија.
