Џафери со рок до партиите до Нова година да го договорат датумот за избори
„Политичките партии кои се застапени во Собранието, имаат можност до Нова година да си најдат консензус во однос на двата термина за избори“, прецизира Џафери потенцирајќи дека нема да дозволи, како што вели, роковите да го прегазат.

Собранискиот спикер Талат Џафери со рок до политичките партии до Нова година да го договорат датумот за избори.
„Политичките партии кои се застапени во Собранието, имаат можност до Нова година да си најдат консензус во однос на двата термина за избори“, прецизира Џафери потенцирајќи дека нема да дозволи, како што вели, роковите да го прегазат.
Џафери објаснува дека како претседател на Собранието е должен да го обезбеди времето што го пропишуваат Уставот и законите за да се организираат изборите, но и дека има законска обврска за формирање техничка влада три месеци пред изборите.
