Украина

Украинско гранатирање на Доњецк, тврди Москва

08.11.2023 12:00

Руските трупи напаѓаат во правец на Авдејивка, Маринка и Купјанск. Десетици повредени во украинско гранатирање на Доњецк, тврдат властите назначени од Москва...

Руските трупи напаѓаат во правец на Авдејивка, Маринка и Купјанск, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина. Десетици повредени во украинско гранатирање на Доњецк, тврдат властите назначени од Москва.

Во меѓувреме Холандија испрати пет борбени авиони Ф-16 во Романија, каде што украински пилоти ќе се обучуваат за користење на ловците од американско производство.

Министрите за надворешни работи на Г7 во Токио соопштија дека ќе останат обединети во нивната поддршка на Украина против руската инвазија дури и во актуелната меѓународна ситуација и војната на Блискиот Исток.