Секој онколошки пациент ја добива соодветната терапија и поддршка, уверува Меџити
Како што соопштија надлежните, лекови и терапија за онколошките пациенти континуирано ќе има до Нова година, а претходно Фондот за здравство ќе треба да одобри средства за да се набави терапија и тековно да продолжи лекувањето на овие пациенти. Меџити нагласи дека во моментот на клиниката има нов систем на работа и секој пациент ја добива предвидената терапија...

Здравствените власти на Клиниката за онкологија во обиколка на местото каде се поставува новиот акцелератор.
Министерот Меџити нагласи дека пациентите ќе се дисперзираат и низ другите клиники низ државата, каде што има услови, за да се намали товарот на Клиниката за онкологија.
Како што соопштија надлежните, лекови и терапија за онколошките пациенти континуирано ќе има до Нова година, а претходно Фондот за здравство ќе треба да одобри средства за да се набави терапија и тековно да продолжи лекувањето на овие пациенти.
Меџити нагласи дека во моментот на клиниката има нов систем на работа и секој пациент ја добива предвидената терапија.
Известува Наташа Јанчиќ-Менковски
