Нови случаи на труење со газирани пијалаци во Хрватска
Досега седум лица побарале медицинска помош со симптоми на хемиски повреди на устата, непцето, хранопроводот и желудникот, по консумирање безалкохолни пијалаци...

Хрватскиот Државниот инспекторат ги повлече сомнителните газирани пијалаци од пазарот, откако по пријавениот случај со труење во Риека, се појавија уште неколку во Загреб и Вараждин.
Досега седум лица побарале медицинска помош со симптоми на хемиски повреди на устата, непцето, хранопроводот и желудникот, по консумирање безалкохолни пијалаци.
Здравствените власти соопштија дека само двајца од пациентите пиеле ист пијалак. Дополнија дека нема место за паника, но е потребна внимателност и дека сите институции работат на случајот. Во меѓувреме, членовите на групата „Фортен“ ги повлекоа пијалаците од Кока-Кола како мерка на претпазливост.
