Зајакнат надзор врз безбедносниот сектор може да спречи нови масовни прислушувања
Конференцијата посветена на работата на Народниот правобранител. Претседателот Пендаровски смета дека треба да се заокружат реформите од Прибе за да не се повторат вакви скандали...

Полициските службеници ги пречекориле овластувањата при приведувањето на затворениците во „Идризово“ – извештајот на Народниот правобранител се повикува на видеозаписите од настанот кога беа повредени полицајци и затвореници. Зибери вели дека податоците им се предадени на надлежните институции и се чека одговор кој е виновен за случувањата.
25 години од формирањето на институцијата Народен правобранител, по тој повод, одржана конференција надзорната улога на Народниот правобранител врз безбедносните и разузнавачките служби.
Претседателот Пендаровски бара институцијата сама да иницира постапки што ќе придонесат во реформата на безбедносните служби. Според шефот на државата иако има напредок, сè уште не се заокружени препораките на Прибе, што е клучно за да не дојде до ново масовно прислушување и повреда на правата на граѓаните.
Институции не сакаат да споделуваат информации со омбудсманите – искуствата на народните правобранители од Србија и хрватска се слични со македонските. И во соседните земји, според експертите, клучна е поддршката од Собранието и од Владата.
Викторија Милевска
