МТСП

Тренчевска: Со младински додаток ги поттикнуваме младите да се вклучуваат во производствена дејност

08.11.2023 14:25

Тренчевска денеска беше во посета на компанијата „Раде Кончар – ТЕП“ која беше добитник Националната Награда за компанија со најдобро имплементиран систем за Безбедност и здравје при работа за 2023 година...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска беше во посета на компанијата „Раде Кончар – ТЕП“ која беше добитник Националната Награда за компанија со најдобро имплементиран систем за Безбедност и здравје при работа за 2023 година. Компанијата има 75 вработени од кои 23 се жени, а 7 се млади до 23 години.

Тренчевска при директен контакт со вработените до 23 години се информираше дека веќе 5 од нив се дел од младите кои се приматели на младинскиот додаток.

Младинскиот додаток се обезбедува со цел поттикнување на младите лица повеќе да се вклучуваат на пазарот на трудот во производствената дејност. Висината на младинскиот додаток е 3.000 денари и е регулиран согласно Законот за младински додаток.