Ако партиите не се договорат, Џафери ќе ги распише изборите
Собранискиот спикер Џафери со рок до политичките партии до Нова година да го договорат датумот за избори. Вели нема да дозволи роковите да го прегазат…

Претседателот на Собранието, Џафери најави дека ако нема договор меѓу партиите за датумите за претстојните претседателски и парламентарни избори до Нова година, во рамките на надлежностите тој ќе ги распише изборите. Вели дека станува збор за два различни изборни процеси, кои се разликуваат по уставните и законски рокови.
„Двата изборни процеси се разликуваат и по уставните и законски рокови, редовноста и спроведување на постапката. Треба да се води сметка за повторување на поединечни места од вториот круг доколку тие резултати влијаат на конечниот исход на избори“, изјави Џафери.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара претседателските и парламентарните избори да се одржат во ист ден напролет, меѓу двата најголеми верски празници Бајрам и Велигден. Владејачката партија вели дека е отворена за дијалог околу тајмингот на одржување, но согласно со законските рокови.
Ирина Гелевска
