Османи: Опозицијата има одговорност за критиките
Европската комисија го објави извештајот за Македонија со загриженост за распространета корупција, слабости во судството, прекумерна употреба на европското знаменце. Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања …

Годишниот извештај е најпрецизниот и најобјективен скен на државите коишто се кандидати за влез во Европската унија – вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. Опозицијата има големо влијание за нотираните критики за напредокот на земјата. Политичката поларизацијата и блокадата на парламентот се детектирани слабости.
„Иронија е да се борите со корупција, а да го блокирате отворањето на поглавјата 23 и 24, што значат директна борба со корупција“, рече Османи лоцирајќи ја одговорноста кај опозицијата.
Извештајот е одраз на реалноста, со власт полна со криминал и корупција Македонија е сè подалеку од ЕУ – констатира ВМРО-ДПМНЕ. Нема напредок во фундаментите на ЕУ, во собранието има недостиг на соодветно планирање. Нотирано е несоодветно користење на европското знаме, слабости кај судската независност и подобрување на правната рамка – велат од опозициската партија.
Извештајот на Европската комисија ги потврди фактите, ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на напредокот кон ЕУ. Клучниот проблем за извештајот е тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата – реагираат од СДСМ. Велат се укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ.
И додека во владејачката сдсм смета оти 90 отсто од поглавјата се на соодветно ниво на подготвеност. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели власта место да работи на реформи, се насочува кон стратешки погрешни цели.
Миле Ристески
