Скопје

Девет ученици заразени со салмонела во три основни училишта во Карпош

08.11.2023 18:33

Девет ученици се заразени со салмонела, јаделе храна од училишната кујна. Клуч на врата на овие простории во неколку училишта во скопски Карпош. Санитарниот инспекторат изврши контрола. Се чекаат резултатите …

Салмонела во три основни училишта во Карпош – најмногу заразени деца во „Владо Тасевски“, тие најверојатно се затруле со храна која ја приготвува приватна фирма со која училиштето има склучено договор.

Кујните во три училишта, заедно со магацинскиот простор во „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош се затворени откако се потврдени случаи на девет деца заразени со салмонела, информираат од Општина Карпош.

Во ООУ „Војдан Чернодрински“ се заразени три ученици, во „Владо Тасевски“ пет, а во „Јан Амос Коменски“ има еден ученик заразен од салмонела.

Вчера и во текот на денешниот ден се земени брисеви од работните површини. Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош сама побарала вонреден преглед.

 

Александра Спировска