Германија
Закана со огнено оружје во училиште во Хамбург
08.11.2023 18:57
Двајца осомничени ученици се заканувале со огнено оружје по што заминале во непознат правец...

Драма во училиште во Хамбург по дојава дека во зградата има вооружени лица. Двајца осомничени ученици се заканувале со огнено оружје по што заминале во непознат правец.
Евакуирано е училиштето, а учениците со придружба на специјалци биле префрлени со автобус во блиската армиска касарна каде што можеле да ги земат родителите. Истрагата за инцидентот е во тек.
