Фудбал – СП Бразил 2014

13 дена – 13 маскоти

30.05.2014 13:25

Фулеко којашто е официјалната маскота на мундијалот во Бразил е 13-та во историјата на Светските првенства во фудбал. Животното Армадиља е инспирација за маскотата Фулеко чиешто име е добиено од зборовите (фу)дбал и (еко)логија.

Ваквата традиција почна со лавот Вили на Светскиот шампионат во Англија во 1996-та година и оттогаш се сменија многу креации.

Во Мексико 1970-тата тоа беше момчето со сомбреро, Хуанито. Четири години подоцна во Германија маскоти беа двете момчиња со писмата и бројката 74, Тип и Тап. Аргентинското момче Гаучито го симболизираше мундијалот во 1978-та. Портокалот Нарањито беше маскота на Светското првенство во Шпанија во 1982-та. Пиперката Пике беше симбол на мундијалот во Мексико во 1986-та. Италијанците ја избраа фигурата Чао за маскота на првенството во 1990-та. Црвено – бело – синото куче Страјкер го претставуваше мундијалот во САД во 1994-та. Галскиот петел Футикс беше маскотата во Франција во 1998-та. Компјутерската креација, тренерот Ато и играчите Казо и Ник, го симболизиораа Светското првенство во Јапонија и во Јужна Кореја во 2002-ра. Лавот Голео беше маскота ма шампионатот во Германија во 2006-та, додека леопардот Закуми го симболизираше мундијалот пред четири години во Јужна Африка.

До почетокот на Светското првенство во Бразил и самбата на маскотата Фулеко останаа уште 13 дена.