МВР: 220 сообраќајни прекршоци во Скопје
На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 22 мерки за неносење на сигурносен појас.
Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.
