Душан Ивковиќ тренер на Анадолу Ефес
Беше најавено уште пред неколку месеци, а деновиве ќе добие и конечна потврда. Трофејниот кошаркарски стратег Душан Ивковиќ ќе биде промовиран за тренер на турскиот гигант Анадолу Ефес, јавија турските и српските медиуми.
Доскорашниот селектор на репрезентацијата на Србија, којшто беше без ангажман откако се повлече по Евробаскетот во 2013, а уште од декември се поврзуваше со кормилото на тимот од Истанбул, се очекува да потпише двегодишен договор со Ефес.

Во пребогатата тренерска кариера 71-годипшниот Ивковиќ, меѓу другите екипи, беше тренер на Партизан, Војводина, Шибенка, ПАОК, АЕК, Паниониос, Олимпијакос, ЦСКА и на Динамо Москва. Со Олимпијакос стана европски шампион во 2012, со Партизан го освои Купот Радивој Кораќ во 1979, со АЕК во 2000 Купот Рајмундо Сапорта, а со Динамо Москва УЛЕБ Купот.
Душан Ивковиќ беше селектор и на силната југословенска репрезентација во последните години пред распадот на некогашната држава.