САД
Републиканците со поддршка за Израел
09.11.2023 10:38
Републиканските ривали на Трамп ветија дека безусловно ќе го поддржат Израел. Коментираа оти е потребно еднаш засекогаш да се елиминираат терористите...

На дебатата за претседателска номинација, републиканските ривали на Трамп ветија дека безусловно ќе го поддржат Израел. Коментираа оти е потребно еднаш засекогаш да се елиминираат терористите.
Остро го критикуваа начинот на кој демократскиот претседател Џо Бајден се справува со кризата, посочувајќи дека е потребно да се отсече главата на змијата и да се извршат директни напади врз Иран, а не само неговите посредници.
Само така САД ќе може да се одмазди за нападите на проиранските сили во Сирија и Иран против американската војска.
