Казахстан

Путин на средба со Токаев во Казахстан

09.11.2023 10:43

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во официјална посета на Aстана, на разговори со неговиот казахстански колега Касим-Жомарт Токаев...

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во официјална посета на Aстана, на разговори со неговиот казахстански колега Касим-Жомарт Токаев. Во фокусот на средбата клучни прашања за натамошниот развој на руско-казашките односи на стратешко партнерство и сојуз, перспективите на интеракција во рамките на интегративните асоцијации во евроазискиот простор, како и актуелните регионални и меѓународните проблеми.

Се очекува потпишување голем број важни заеднички документи. Двајцата лидери ќе учествуваат и на Форумот за меѓународна соработка.