Наама Леви, девојка со потекло од Македонија, киднапирана при упадот на борците на Хамас во Израел
Наама Леви, 19-годишна девојка со потекло од Македонија била киднапирана на 7-ми октомври при упадот на борците на Хамас во Израел. Семејството побарало помош и од Еврејската заедница во Македонија...

Наама Леви, 19-годишна девојка со потекло од Македонија била киднапирана на 7-ми октомври при упадот на борците на Хамас во Израел. Информацијата за Гласот на Америка на македонски јазик ја потврди Рашел Леви Друмер, професорка од Израел, родена во Скопје, а која е вклучена во напорите за ослободување на девојката, која била малтретирана, но сè уште е жива.
Семејството побарало помош и од Еврејската заедница во Македонија. Претседателот на заедницата, Пепо Леви за МТВ вели дека киднапирањето на девојката е варварски чин и терористички акт. Понуди помош за да се спаси девојката.
Според информациите, девојката има корени од Македонија преку нејзината чукунбаба, која на почетокот на 20-от век заминала во Израел, каде што основала семејство.
Наама Леви била дел од мировна организација.
Александра Спировска
