Ковачевски ја започна официјалната посета на УНЕСКО
Како што соопштуваат од владината прес-служба, Ковачевски придружуван од министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, имаше средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.

Премиерот Димитар Ковачевски ја започна официјалната посета на УНЕСКО во Париз. Како што соопштуваат од владината прес-служба, Ковачевски придружуван од министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, имаше средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.
Оваа година се одбележува 30-годишен јубилеј од зачленувањето на Македонија во оваа организација на Обединетите нации за образование, наука и култура.
На средбата било истакнато дека во актуелниот глобален културолошки контекст, Северна Македонија е вреден пример на успешна мултиетничка демократија, како држава којашто покажа на дело дека дипломатијата е средство за решавање на предизвиците. И со македонското древно јазично и културно наследство и преку функционалното мултикултурно општество, продолжува да придонесува во мозаикот на различности што ги негува и УНЕСКО, а коишто се карактеристика на заедничкиот свет, стои во соопштението од Владата.
Посетата на премиерот Ковачевски е прва посета на македонски премиер на УНЕСКО.
