Зараза

И денеска вонредни надзори по појавата на салмонела во основни училишта во скопската општина Карпош

09.11.2023 12:13

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за МТВ потврдуваат дека и денеска, во соработка со Институтот и центарот за јавно здравје и со Агенцијата за храна и ветеринарство се вршат вонредни инспекциски надзори во основните училишта...

Нема новопријавени случаи кај ученици од општина Карпош, заразени со салмонела. Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за МТВ потврдуваат дека и денеска, во соработка со Институтот и центарот за јавно здравје и со Агенцијата за храна и ветеринарство се вршат вонредни инспекциски надзори во основните училишта: „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“ и „Јан Амос Коменски“.

Контролите треба да ја утврдат санитарно-хигиенската и епидемиолошката состојба во објектите, но и да го откријат изворот на заразата, за да се прекине синџирот на пренос на заразувањето. Проверки и во кујните и во магацинот на компанијата што ја приготвува храната.

Досега во одделението за епидемиологија се пристигнати 7 пријави за заболување од заразната болест.