Николовски: Соработката со Азербејџан ја зајакнуваме
Пред високата државна делегација на Република Азербејџан која овие денови е во официјална посета на Република Северна Македонија, претставници на министерството и ФАО, пред делегацијата од Азербејџан, ќе го споделат позитивното искуство на нашата држава во спроведувањето на процесот за консолидација на земјоделското земјиште...

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, имаше чест да ја предводи македонската делегација и биде домаќин на делегацијата од Република Азербејџан предводена од Шахмар Мовсумов, помошник на претседателот на Република Азербејџан и раководител на Одделот за економски прашања и иновативна развојна политика на претседателската администрација и министерот за земјоделство на Република Азербејџан, Мајнун Мамедов.
Пред високата државна делегација на Република Азербејџан која овие денови е во официјална посета на Република Северна Македонија, претставници на министерството и ФАО, пред делегацијата од Азербејџан, ќе го споделат позитивното искуство на нашата држава во спроведувањето на процесот за консолидација на земјоделското земјиште.
Во рамки на билатералната средба министерот Николовски изрази задоволство и подготвеност Северна Македонија да го сподели своето позитивно искуство, помагајќи на Азербејџан успешно да го започне и спроведе процесот на консолидација. Република Северна Македонија е земја лидер во реализирањето на процесот за консолидација, проект кој е започнат уште во 2017 година кога заедно со поддршка на Европската Унија и ФАО започна спроведувањето на проектот МАИНЛАНД во вредност од 2.8 милиони евра.
Во рамки на средбата двајцата министри потпишаа меморандум за разбирање помеѓу двете држави со цел зајакнување на меѓусебната соработка во областа на земјоделството во делот на процесот за консолидација, потоа одржливиот развој на руралните средини, безбедност на храна и меѓусебна трговија со земјоделски производи.
На средбата се разговараше за извоз на убавото македонско јаболко во Азербејџан, како и извоз на други наши производи од преработувачката индустрија.
Министерот Николовски упати благодарност до неговиот колега министерот за земјоделство на Азербејџан Мамедов и помошникот на претседателот на Република Азербејџан и раководител на Одделот за економски прашања и иновативна развојна политика на претседателската администрација Мовсумов, за честа да ја посетат Северна Македонија и можноста за унапредување на нашите односи и економската соработка помеѓу двете држави, стои во соопштението од МЗШВ.
