Во Собранието претставен извештајот за родовата застапеност во изборите и политичките процеси
Иако навидум со усогласени ставови пратеничките од власта и опозицијата и при претставувањето на извештајот за родовата застапеност во изборите и политичките процеси се разидоа по прашањето за вклученост на матичната собраниска комисија. Останаа обединети за воведување на зип системот за кандидатските листи за вертикален напредок на жените во извршните тела и органи и финансиската независност како и силен одговор против негативните кампањи и говорот на омраза кон жените политичарки.

Претседателката на матичната собраниска комисија за еднакви можности Силјановска Давкова, со забелешка заради изоставањето на ова тело во консултациите и донесувањето на препораките кои произлегоа од извештајот.
Нема никакви лоши намери, пред сè сите пратенички од различни партии биле вклучени во интервјуата, реагираше претседателката на Kлубот на пратенички, Ристова.
Обединети се сепак во однос на воведувањето зип систем на кандидатските листи, односно маж-жена на списоците како и за независно финансирање и силен одговор против негативната кампања спрема политичарките.
Клучната препорака ја пренесе експертката од Меѓународната Заедница, Флоренс Гану.
11 – те препораки од мониторираните состојби се очекува да бидат преточени во законски одредби.
Фиљана Кока
