Евроинтеграции

Власта тврди дека ги разбрала пораките од Брисел

09.11.2023 13:13

Владата го доби извештајот од Брисел за напредокот на земјава на европскиот пат. За Брисел, извештајот е искрен и правилен. Власта тврди дека ги разбрала пораките...

Владата го доби извештајот од Брисел за напредокот на земјава на европскиот пат. Во него содржани низа забелешки од Унијата дека нема напредок, особено во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата, јавната администрација, основните човекови права. За Брисел, извештајот е искрен и правилен. Власта тврди дека ги разбрала пораките. Миле Ристески ги пренесува пораките од прес-конференцијата на евроамбасадорот Гир и вицепремиерот Маричиќ.