Ламберт ќе се врати во Ливерпул!
За Рики Ламберт со сигурност важат две девизи во животот, „кој чека ќе дочека“ и „никогаш не е доцна„. 32-годишниот напаѓач на Саутемптон дочека да се врати на Енфилд роуд каде што мина пет години и комплетната младинска школа на Ливерпул. „Црвените“ и Саутемптон се договорија, Ламберт ќе се пресели во Ливерпул за 4 милиони фунти, плус бонуси.

Како се ближи крајот на кариерата, така Ламберт ги постигнува најголемите лични успеси. Лани, на 31 година дебитираше за репрезентацијата на Англија и тоа со гол во дуелот со Шкотска. По само 2 минути и 43 секунди минати на теренот, Ламберт во првиот контакт со топката ја затресе мрежата на Шкотска.
Во кариерата, Ламберт досега настапуваше за Блекпул, Маклесфилд, Стокпорт, Рочдејл, Бристол Роверс и за Саутемптон за којшто одигра 207 меча и постигна 106 гола. За неговите голгетерските можности најдобра потврда е податокот дека Ламберт никогаш не промашил пенал при 43-те изведени удари од белата точка како играч на Саутемптон.
Ламберт ќе биде дел и од репрезентацијата на Англија којашто ќе настапи на Светското првенство во Бразил и веднаш по вечерашниот контролен дуел на „Гордиот Албион„ со Перу, ќе замине во Ливерпул за да потпише двегодишен договор.
Со овој трансфер практично ќе продолжи распаѓањето на одличната екипа на Саутемптон којашто лани беше осма во Премиер лигата. Маурисо Покетино замина за да биде нов менаџер на Тотенхем, а Манчестер Јунајтед е упрен да го донесе на „Олд Трафорд“ преостанатиот дел од репрезентативното трио, односно левиот бек Лук Шоу и офанзивниот креативец Адам Лалана.