Маричиќ: Ги разбравме пораките од Брисел
Искрен и правичен извештај – откако Брисел ги детектираше слабите точки, власта тврди дека ги прифаќа укажувањата и ја разбира пораката. За вицепремиерот Маричиќ, напредок има во 80 проценти од поглавјата…

Во владеењето на правото и во борбата против корупцијата која е присутна во многу области на највисоко ниво нема напредок – директен во презентирањето на Извештајот на Европската комисија амбасадорот Гир. Се злоупотребува употребата на европското знаменце со кое се крати дебатата во Собранието, каде е истакната силна поларизација- вели тој.
Според него, извештајот треба да се гледа како охрабрување, но домашната работа треба да се заврши, а тоа се реформите и изгласување на уставните измени, како главен услов за доближување на државата до Унијата.
За вицепремиерот Маричиќ главен виновник за извештајот, онаков каков што е, е опозицијата и блокадите на Собранието. Смета дека во 80 проценти од поглавјата има напредок, вкупната оценка е добра, а државата е подготвена да испорача резултати.
Од Гир и Маричиќ потенцирано дека исклучително важно е продолжување на реформите, а со нив и искористувањето на парите од планот за раст кој предвидува шест милијарди евра за земјите од Западен Балкан, со цел приближување на пазарите до Европската унија.
Миле Ристески
