Народните претставници со различна диоптрија го гледаат Извештајот на Европската Комисија
Искрен и правичен извештај – откако Брисел ги детектираше слабите точки, власта тврди дека ги прифаќа укажувањата и ја разбира пораката. За опозицијата – официјален Брисел го испорачал најнегативниот извештај досега...

Народните претставници со различна диоптрија го гледаат Извештајот на Европската Комисија. За пратениците од мнозинството, нотиран е напредок во 80 проценти од скенираните области, за опозицијата – официјален Брисел го испорачал најнегативниот извештај досега. За забелешките за поларизација на Собранието, пратениците од СДСМ прстот го вперија кон блокадите од ВМРО-ДПМНЕ.
Со активната блокада спречивме усвојување на закони кои би биле на штета на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициските партии од албанскиот кампус, велат дека нивните забелешки изминатиот период се поистоветуваат со тие во извештајот Комисија.
Во извештајот на неформалната влада на Европската Унија нотирано е дека немаа соодветен напредок во реформскиот процес во правосудството, ниту во борбата против корупцијата. Брисел критикуваше и за прекумерната употреба на европското знаменце.
Марина Стојанова Тонева
