Незадоволителен опфат на вакцинација со ХПВ
Ракот на грлото на матката е предизвикан во 99,8 проценти од ХПВ. Ама кај нас, вакцината сè уште се бојкотира. Надлежните преземаат мерки за проширување на опфатот на имунизација …

Девојки пред да наполнат 20 години, можат да појдат во некој од вакциналните пунктови и да се имунизираат против ХПВ. На ваква одлука надлежните се одлучиле бидејќи родителите сè уште се резервирани за имунизацијата на нивните деца. Лекарите предупредуваат дека вакцината штити од карцином на грло на матка.
Нема рамномерен опфат на имунизација. Во Струмица се движи 3,4%, а во Демир Хисар, Св. Николе, Кочани, Делчево, Кратово и Валандово опфатот е 100 проценти. Здравствените авторитети во помалите места полесно и подостапно комуницираат со своите пациенти. На државно ниво, опфатот е 52 проценти.
Во Македонија по карцином на дојка, втор е карцином на грлото на матката. Во 99,8 проценти од случаите причина за ракот е ХПВ.
Наташа Јанчиќ-Менковски
