Марија Јаническа е предложена за директорка на ОТА
Оперативно-техничката агенција, која е важна алка за безбедноста во земјава, два месеца нема директор. На конкурсот за наследник на Зоран Ангеловски се пријавил 21 кандидат. Матичната собраниска комисија едногласно ја предложи Марија Јаническа за негов наследник …

ОТА ќе добие нов директор. Марија Јаническа e едногласно предложена за прв човек на Оперативно-техничката агенција, една од клучните институции во безбедносниот и во ланецот на борбата против криминалот. Јаничевска е државен советник во ОТА од 2019 година.
ОТА веќе два месеца е без прв човек кој решава за голем број дејствија во областа и делегира овластувања во безбедноста по хиерархија. Сега, нема кој да потпише наредби, па се доведува во прашање функционирањето на институцијата. Сега на потег се народните избраници, кои треба да го поддржат предлогот и конечно да функционира агенцијата. 21 кандидат беше заинтересиран за директорското столче во ОТА.
Наташа Гркова Петрушевска
