Се чека само шампионот
Барселона, Кил, Флензбург и Веспрем се четирите тима кои ќе се борат за европскиот клупски ракометен трон. Европа ќе добие нов владетел, носејќи се со фактот дека името запишано за шампион лани Хамбург, ќе нема шансата за одбрана, поради елиминацијата доживеана од наш Вардар. Затоа има кој може.

Барселона, Кил, Флензбург и Веспрем се четирите тима кои ќе се борат за европскиот клупски ракометен трон. Европа ќе добие нов владетел, носејќи се со фактот дека името запишано за шампион лани Хамбург, ќе нема шансата за одбрана, поради елиминацијата доживеана од наш Вардар. Затоа има кој може.
Има акумулирано искуство од шампионско владеење во историјата на Барселона, најтрофејниот ракометен клуб со 7 пехари зад себе. Сериозен во друштвото елитни е и Кил, кој досега има три европски шампионски клупски славја. Веспрем има доживеано да биде учесник во последниот меч во Лигата на Шампионите, но тогаш среќата не ги послужи. Исто и Флензбург има на двапати почуствувано финално задоволство, но не и победничко. Сепак, Флезбург и Веспрем немаат фланл-фор учество, блескавите мигови ги имаат во ”стариот“ шампионски систем. Спротивно од нив, Барселона и Кил од 2010-тата кога е востановен фајнл-фор турнирот, се само со по една пропуштена сезона, осанатото секогаш дел од големата 4-ка.
Градот домаќин Келн и арената во него LANXESS, подготвени за спектаклот кој гермаците како ракометна нација и тоа како знаат да го направат незаборавен. Бреубавото здание LANXESS е со капацитет од 18 000 посетители, а се очекува според досега продадените влезници, викендов да продефилираат повеќе од 20 000 ракометни фанови.
Со 16 камери ќе биде покриен преносот, влклучително и три камери “Superslomo“ за репродуцирање на екстремно забавени снимки, една таканаречена ”Антилопа“ камера со голема брзина и “Pico” позната како ”пајак“ камера со која се опфаќа цел терен. За првпат ќе биде применет нов систем на високa HD продукција. 40 луѓе ќе бидат ангажирани за беспрна визуелизација на настанот.
Утрешниот ден (сабота 31.05) го носи првото ½ финале Веспрем-Кил во 15 часот, по него во 18:00 Барселона-Флензбург. Финалето е предвидено в недела(01.06) во 17.45, за трето место во 15.00.
