ФРАНЦИЈА
Закана од поплави и одрони во Франција
09.11.2023 20:05
74 училишта и утре ќе останат затворени...

На речиси 200 илјади луѓе на крајниот север на Франција кои живеат во близина на реки им се закануваат поплави и одрони. 74 училишта и утре ќе останат затворени.
„Техничките служби се на пат со палети песок. Ќе се обидеме да изградиме мал насип за да спречиме водата да се крева пребрзо, но за жал мрежите се заситени“, изјави Гвинел Лојар, градоначалник.
Од понеделникот илјадници луѓе се без вода за вода за пиење поради поплавите.
