мвр
Санкционирани 77 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на територијата на СВР Битола
09.11.2023 22:07
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на денешниот ден во периодот од 15.00 до 20.00 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возачите кои ја надминале максималната дозволена брзина. При контролата, санкционирани се 77 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, а за време на контролата санкционирани се и четири други видови на прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, информираат од МВР.
