Временска прогноза
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
10.11.2023 08:25
Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд особено од средината на денот и најпрвин во западните делови од земјата каде што повремен дожд...

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд особено од средината на денот и најпрвин во западните делови од земјата каде што повремен дожд ќе има и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од два до десет степени, а максималната ќе достигне 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец и максимална температура до 15 степени. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.
