Формула 1

Ако може Ферари...

04.12.2013 14:19

Само неколку дена откако на интернет „протече“снимката од наводното тестирање на новиот В6 турбо мотор на Ферари , стигна и информацијата дека тајно тестира и Рено.

И покрај забраната на ФИА за тестирање на новите болиди на патека, во пресрет на турбо ерата во F1 тимовите одново наоѓаат начин како да ги избегнат или заобиколат прописите.

Така Ферари новиот турбо мотор го „спакува“ во спортското Ла Ферари, но познавачите веднаш ја слушнаа разликата меѓу звукот на В12 атмосверскиот и нововградениот В6 турбо мотор.

Рено „тајниот тест “ го направил на патеката Мањи Кур користејќи ја шасијата на својот болид од серијата 3.5.

Веројатно и другите тимови се подготвуваат за слични тестови, што само потврдува дека идејата за предност во Ф1 е водена од начелото „се што не е забрането е дозволено“

Зоран Видевски