Изложбата „Во сеќавање на Борко Лазески“ на досега неизложени дела
Изложбата „Во сеќавање на Борко Лазески“, на негови досега неизложени дела, ќе биде отворена денеска, во 19 часот, во неговата семејна куќа на улица „Отон Жупанчиќ“ 15...

Изложбата „Во сеќавање на Борко Лазески“, на негови досега неизложени дела, ќе биде отворена денеска, во 19 часот, во неговата семејна куќа на улица „Отон Жупанчиќ“ 15, во скопско Дебар маало, по повод 30 годишнината од неговата смрт.
Делата се изработени во период од 1937 до 1950 година. Борко Лазески, запишува Ликовна школа во 1933/34 година во Белград, а студиите ги продолжува на белградската Ликовна академија, но поради војната ги завршува на Државната уметничка академија во Софија, во 1943 година.
Во почетокот на 1945 година учествува во формирањето на уметничката школа во Скопје и е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).
