МВР
Приведен крадец, украденото е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот
10.11.2023 10:11
Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода Д.С. (53) од Скопје.

Вчера, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода Д.С. (53) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно во текот на денот од трговски центар на подрачјето на Карпош одзел предмети.
Од него биле одземени украдените предмети кои ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
