Ѓорческа обезбеди четвртфинале на фјучерсот во Ираклион
10.11.2023 10:49
Ѓорческа, која е трета носителка на турнирот во Крит, обезбеди пласман меѓу осумте најдобри тенисерки за еден час и 35 минути игра против шпанската противничка.
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на фјучерсот во грчкиот град Ираклион, откако во второто коло ја победи Шпанката Андреа Лазаро Гарсија со 2-0 во сетови (7-5, 6-0).
Ѓорческа, која е трета носителка на турнирот во Крит, обезбеди пласман меѓу осумте најдобри тенисерки за еден час и 35 минути игра против шпанската противничка.
За пласман во полуфиналето Ѓорческа денес ќе игра против Романката Кристина Дину, која со 2-1 во сетови славеше победа над сонародничката Александра Игнатик.
Извор/ Фото: МИА
