Калинката го зајакнува имунитетот

10.11.2023 10:59

Ако сакате да го успорите процесот на стареење и да го зајакнете имунитетот, пијте свежо цеден сок од калинки, советуваат стручњаците.

Калинката има многу здравствени придобивки бидејќи изобилува со витамин Ц. Богата е со калиум и витамини А и Е, содржи фолна киселина, како и многу моќни антиоксиданси.

Ако сакате да го успорите процесот на стареење и да го зајакнете имунитетот, пијте свежо цеден сок од калинки, советуваат стручњаците. Некои истражувања покажале дека редовно конзумирање свеж сок од калинка може да спречи многу болести.

Нутриционистите препорачуваат, свежиот сок (исцеден на ист начин како и портокалот) без додаток на шеќер, да се испие веднаш по цедењето или во текот на денот.