Бугарија-домаќин на Конференцијата на НАТО во јуни

30.05.2014 16:19

Бугарското Министерство за одбрана соопшти дека Бугарија ќе биде домаќин на Конференцијата на НАТО со стратешките воени партнери од 17 до 19 јуни годинава.

Отворањето ќе биде во хотелот ,,Кемпински“ во Софија со обраќање на командантот на Сојузничката команда за трансформација на НАТО, генерал Жан-Пол Паломерос. На Конференцијата ќе учествуваат воени делегации од земјите-членки и партнери на Алијансата, на ниво на началници на одбрана.

Соња Стојановска