Франција

Мировен форум во Париз

10.11.2023 12:33

Говорејќи на отворањето на парискиот Мировен форум чиј домаќин е претседателот Макрон, генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, ја истакна потребата од глобална соработка во соочувањето со егзистенцијалните закани...

Говорејќи на отворањето на парискиот Мировен форум чиј домаќин е претседателот Макрон, генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш, ја истакна потребата од глобална соработка во соочувањето со егзистенцијалните закани и решавањето на причините за конфликти.

Истакна дека ниту една земја не може сама да се соочи со овие предизвици и повика на обновени мултилатерални институции за да ги надминат поделбите и да спречат конфликт.

Гутереш ја истакна и важноста на одржливиот развој, човековите права и трансформирањето на глобалниот финансиски систем во универзална безбедносна мрежа за земјите во развој.