САД
Отровни писма испратени до избирачките одбори
10.11.2023 12:37
Во предизборието, властите на САД истражуваат кој испратил коверти со фентанил до членовите на избирачките одбори. Писма се пријавени во најмалку три држави...

Во предизборието, властите на САД истражуваат кој испратил коверти со фентанил до членовите на избирачките одбори во неколку сојузни држави. Писма се пријавени во најмалку три држави, меѓу нив и во округот Фултон во Џорџија, кој се смета за еден од најголемите гласачки единици во државата.
Државниот секретар Брет Рафенспрагер, инцидентот го оцени како домашен тероризам кој мора да биде осуден од сите функционери.
