Македонија
Едно лице загина, двајца се повредени во пожар во Требеништа
10.11.2023 12:52
При самата интервенција се извлечени две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен...

Едно лице загина, двајца се повредени, во пожар кој избувна изутрина во објект во село Требеништа, Општина Дебарца.
При самата интервенција се извлечени две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен. Во истиот објект е пронајдено уште едно лице, додаваат од Противпожарната единица во Општина Охрид.
Во моментов увид вршат полициски тимови и обвинител.
